Сите потребни информации за начинот на користење на порталот „Отворени финансии“ можете да ги најдете во:
- Упатство за користење на порталот „Отворени финансии“
- Упатство за отворање на csv-документ
Прашања и пораки поврзани со техничко функционирање на порталот „Отворени финансии“ може да испратите на мејл open@finance.gov.mk
За дополнителни информации поврзани со поединечни трансакции и извршување на буџетот, обратете се до буџетскиот корисник на којшто тие податоци се однесуваат. Податоци за трансакциите кои се објавени на оваа веб страна се единствени информации со кои располага Трезорот во рамки на Министерството за финансии.
Најчесто поставувани прашања
Кои лични податоци ги содржи порталот?
Согласно Законот за заштита на лични податоци и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015, 55/2016, 64/2018 и 98/2019) и новиот Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ бр. 101/2019) за физичките лица се прикажува само име и презиме. Истовремено, лични податоци објавени на порталот (име и презиме) ќе бидат достапни две години, од денот на објавата.
Го отворивме порталот и приметивме дека е бавен во наоѓање на податоци? Да не има некој проблем? Зашто е тоа?
Пребарување на главната страна е поспоро во однос на пребарување во делот трансакции, бидејќи се пребарува низ целата база на податоци, која во моментот содржи скоро 17 и пол милиони трансакци (17.461.172). Бројчаникот на трансакции кои се достапни на порталот можете да го видите на дно на насловната страна.
Зашто податоците се објавуваат два пати месечно, а не во исто време кога се реализираат?
Периодичноста на ажурирање на податоците на порталот Отворени финансии е согласно сегашните можности на системот.
При секое ажурирање, базата на податоци од делот Буџетски корисници се заменува со нова за целиот период на тековната фискална година.
Зoшто преку кликнување на графиконот „ Реализација на Буџетот по месеци“ на главната страна кога ќе стигнем до одредена институција не можам да ги видам трансакциите? Во што е разлика помеѓу податоци достапни во „Трансакции>Даватели“ и „Буџетски корисници“?
Се работи за два различни комплети на податоци од базата на Трезорот. Во делот на „Буџетски корисници“ користен е сетот на податоци кој е во агрегирана форма и дава информации за трошењето на буџетските средства по буџетски корисник, програма и економска класификација или видот на трошокот.
Подменито „Трансакции“ го користи комплетот на податоци каде изворот на податоците е од платниот промет и дава информации за назив на буџетски корисник од кој е извршено плаќањето, видот на трошокот согласно економската класификација, примач на средствата, на кој ден е реализирано плаќањето, итн.
Дали има мобилна апликација за порталот.
Не постои мобилна апликација, меѓутоа веб-страницата е оптимизирана за користење
на мобилен телефон.
Дали податоците се обработувани и филтрирани пред да бидат објавени?
Податоците се објавуваат автоматски во интегрален формат, без интервенирање во базата на Трезорот. Според направената проценка во овој момент само се исклучени трансакциите поврзани со плати, каматни плаќања, отплати на главница, боледувања исплатени од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗО), плаќање на ДДВ за опрема купена од донации како и исплатени резерви за Кумановскиот конфликт во 2015 година.
Дали е веб-страницата е достапна на албански јазик?
Интерфејс на порталот е достапен на албански и англиски јазик, меѓутоа податоците се достапни во интегрален формат, без интервенирање во базата и затоа се само на македонски јазик. Со користење на алатки за преведување во самиот browser податоците може да се преведат на друг јазик, меѓутоа базата на податоци која ќе се симне од порталот е исклучиво на македонски. На овој начин се елиминира човечки фактор и интервенирање во интегрални податоци како што тие се евиденитрани во Трезорот.
Зошто беше потребно толку време за Владата да го објави порталот?
Беше потребно да се направат измени во Законот за пристап до информации од јавен карактер а потоа и промена на министерот за финансии доведе до одложување во промовирање на пораталот.
Како е осигурано постоењето на порталот во случај на смена на Владата?
Со измени на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер како и со новиот Закон којшто ќе почне со примена од 30 ноември 2019 г. објавување на податоци со кои располага трезорот е законска обврска која што во иднина ќе може да се оневозможи само со измена на Закон. Меѓутоа, тоа секако нема да и оди во прилог на било која наредна влада и би било нешто што Европската Унија би го оценика како негативен момент.
Кој ќе ја одржува веб-страницата?
Во овој момент веб страницата ја одржува компанија којашто го има развиено софтверот, а по завршување на постапка за јавна набавка ќе се знае која компанија ќе го одржува порталот понатака. Министерството за финансии е сопственик на кодот на порталот.
Кој во Министерството за финасии е задолжен за одржувањена порталот?
На веб-страницата во делот „Помош“ контакт мејл open@finance.gov.mk од ИТ службата на Минситерство за финансии до кое што може да се обратите за помош поврзано со технички прашања и коментари поврзани со функционирање на порталот.
Дали Министерството ќе ги објавува некакви дополнителни изештаи и анализа на податоците кои се обајвени на порталот?
Во овој момент Министерството ги објавува само статистики поврзани со порталот, и интенција е со порталот министерството да и овозможи на јавноста интегрални податоци, кои потоа новинари, граѓански организации и академската заедница ќе ги анализарат и користат за сви потреби, и на тај начин дополнително продонесат кон зголемување на транспарентност и отчетност во трошење на парите на граѓаните.
На кој начин може да дознаеме за што е реализирана одредена трансакција, бидејќи само се дава име на компанија и износ, а не и сврха на исплатата.
Врз основа на шестоцифрено „Конто“ за трансакцијата може да се дознае за каков вид на расход станува збор, а согласно полето „Програма“, за која намена односно за која цел е направен трошок.
Па така на пример доколку за одредена трансакција на Владата на Република Северна Македонија, најдете дека шестоцифрено „Конто“ е „420220“ а Програма „Д4“согласно Правилник за класификација на расходите ќе знаете дека тој расход е за „Патување во странство – патни расходи“ и за активности наменети за „ЕКОНОМСКА ПРОМОЦИЈА“, согласно прогамите планирани во Буџетот на РСМ.
Доколку сакате дополнителни информации, ќе треба да се обратите на институцијата која што го направила трошокот и од нив да побарате дополнителни информации.
Дали на порталот се достапни информации за средства исплатени за советниците на премиерот? Внатрешни и надворешни советници?
На порталот се достапни сите исплати поврзани со физички лица кои не се однесуваат на плати.